МОЗАИК СОВЕТУВАЛИШТЕ


Друштво за приватна пракса за психологија

logo

Добредојдовте!

Зошто да се јавите на психолог?


Поради проблемите кои ги чувствуваат, луѓето често се несигурни дали треба да побараат стручна помош и се надеваат дека тие спонтано ќе исчезнат.


Дали имате некои од овие симптоми?


Нерасположени сте, тажни сте, тешко ви е да се концентрирате, недоволно спиете

Имате тинејџер (адолесцент) и тоа ве прави да се чувствувате како куќата да ви е претесна

Чувствувате тензија, раздразливост, нервоза, немир

Посилно ви чука срцето, се потите, пелтечите, црвенеете, вашите раце почнуваат да се тресат

Се плашите од отворени простори, големи толпи луѓе, преполн простор, лифтови

Имате стресна семејна ситуација, не сте задоволни од работното место или сте на работ да пукнете со „нервите“

Имате сексуални тешкотии и ви е срам да зборувате за тоа


Имате нарушување во исхраната, премногу или, пак, премалку апетит


Ако се препознавате во нешто од ова, слободно обратете ни се и имајте доверба!

image

мр.Надица Скепароска Петковска


Како психолог-терапевт работам со клиенти кои се соочуваат со секојдневни предизвици и при тоа имаат потешкотии во интерперсоналните релации а се стремат кон надминување на истите. Ја сакам работата со луѓе и при тоа сакам да им помогнам да го достигнат својот личен раст и развој. Терапијата со деца која се одвива преку игра и цртање е она што со огромно задоволство го работам. Тоа е поинаков пристап кон третманот на деца кои се соочуваат со емоционални потешкотии или имаат потешкотии во когнитивниот развој.


Мојата професионална надградба започна на Филозофскиот Факултет, Институт за Психологија во Скопје, каде дипломирав во 2008 година. Една година подоцна бев студент на постдипломски студии на Љубљанскиот Универзитет. Магистрирав на Институтот за Психологија во класата на професор д-р Петер Прапер на индивидуален студиски програм од областа на клиничката психологија. Од 2011 година сум вклучена во психотераписка едукација на Институтот за трансакционо-аналитична психотерапија ИПТА, Љубљана. Моментално сум практикант на психотерапија под супервизија на Мартин Берток ТСТА.


Искуство за работа со клиенти стекнав низ постојаната едукација и стажирање низ центрите за психијатрија кај нас. Покрај професионалната едукација и пракса, искуство за работа стекнувам преку животното искуство и секојдневните предизвици со кои се соочуваат и моите клиенти. Сметам дека психичкото здравје и личниот раст и развој се предуслов за квалитетен живот.


Услуги




Психолошка сеанса

Психолошка сеанса е разговор помеѓу пациентот и психологот во траење од 45 до 60 минути, во текот на кој се изнесуваат тешкотиите поради кои се бара стручна помош. Освен разгледување на проблемот, се проценува и личноста на пациентот, одбранбените механизми против стресот, квалитетот на односите со важни луѓе во нивниот живот, т.е. карактеристики на секојдневното функционирање. Често е потребно да се изврши повеќе од еден воведен разговор со цел да се добие детален увид на проблемот и причината која го предизвикува. Исто така, еднакво важно е двете страни да почувствуваат дека може да работат заедно, затоа што секој психолог не му одговара на секој пациент.

Психотерапија

Психотерапија е процес кој е подолготраен од психолошкото советување. Преку психотерапијата се работи на препознавање на несвесните содржини и како тие влијаат врз секојдневното живеење. Важно е терапевтот и клиентот да воспостават однос исполнет со доверба и почитување. Терапевтот со помош на разни техники допира до најдлабоките слоеви на личноста на клиентот и на тој начин му помага на клиентот да изгради нови шаблони на мислење, доживување и чуствување. Наменета е за сите лица кои имаат изразена анксиозност, потешкотии во интерперсоналните релации, се соочуваат со депресија, зависности и сл. Се работи индивидуално, со брачни партнери и групна психотерапија. Во нашето советувалиште работиме според техниките на Трансакциската Психотерапија.

Терапија со деца преку игра

Терапијата преку игра претставува начин на работа со деца преку кој се ослободуваат сите потиснати емоции и инхибиции кај децата. Зошто терапија преку игра? Затоа што децата го осознаваат светот преку играта, преку неа комуницираат и повторно ги доживуваат секојдневните настани. Воедно тоа е најдобриот начин стручното лице (психолог терапевт) да се приближи до детето и преку таа активност плански да работи на подобрување на општата добросостојба на детето. Преку игра се работи на детските стравови, анксиозноста поради одредена ситуациска промена, загуба на блиска особа или милениче, потешкотии во контактот со други деца, намалување на хиперактивноста и слично.

СОВЕТУВАЊЕ

Советување претставува разговор со психологот или консултација. Понекогаш тоа е само потреба клиентот да дознае повеќе за некои од неговите проблеми (пр.семејни или брачни) или да дознае повеќе за проблемите со кои се соочува некоја блиска особа.

Галерија

Профeсионално работно искуство

Стручно портфолио

КОНТАКТ

тел. 075221102

e-mail: mozaik.sovetuvaliste@gmail.com

Ѓорѓи Сугаре 4/2-1, Скопје